Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Променливо облачно и топло, попладне дожд

Актуелно

Променливо облачно и топло, попладне дожд

Времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, Попладне почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи.

Во вечерните часови врнежите ќе се прошрат и во источните делови. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието и источните делови  умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а дневната од 18 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе изнесува 9, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Врнежи од дожд ќе има и во понеделник, кои ќе бидат поинтензивни попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен. Потоа и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален дожд.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.