Вести
Променливо облачно и топло, попладне дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната темпуратура од 24 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.



