Актуелно
Променливо облачно со почести сончеви – утре затоплување
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди во централните делови од земјата. Наутро во котлините по некаде ќе има појава на утринска магла, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд на северозападот и на крајниот југоисток. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб претежно југоисточен ветер, а наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.


