Вести
Променливо облачно со утринска магла во котлините
Времето во Македонија ќе биде повремено облачно, наутро со услови за појава на магла во котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе биде најизразен в долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 12 до 18.
Во Скопје слично време, пoвремено облачно, наутро со услови за појава на магла, а попладне со повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 15 степени.


