Sci-fi
Ново вселенско „селфи“: Лендерот „Атхена“ испрати фотографија од Земјата! (ФОТО)
Лендерот Athena, дел од мисијата на компанијата Intuitive Machines, успешно испрати фотографии од Земјата снимен од вселената, откако на 26 февруари беше лансиран од Флорида со помош на ракетата Falcon 9 на SpaceX.
📸 Поглед кон Земјата од длабочините на вселената
Користејќи ја својата камера, лендерот успеа да сними „селфи“ со Земјата во позадина, овозможувајќи ретко видена перспектива на нашата планета. На една од фотографиите се забележува и горната фаза на ракетата Falcon 9, која се оддалечува од лендерот.
Во близина на ракетата може да се забележат светкави точки, кои според експертите можеби претставуваат друг товар лансиран заедно со Athena. Меѓу можните кандидати се орбитерот Lunar Trailblazer на НАСА, како и сондата Odin на компанијата Astroforge, која има за цел да го испита потенцијалот за рударење на астероиди.



