Актуелно
Собранието се распушти, СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни
Собранието на Република Македонија синоќа се распушти согласно одлукта што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница вечерва изјави дека со тоа завршува мандатопт на актуелниот парламентарен состав.
– Бидејќи денеска завршува мандатот на овој парламентарен состав, би сакал на сите вас да ви се заблагодарам и да ви посакам во иднина, пред се, среќа и успеси како на личен така и на професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ многу тешки премрежја, но сепак успеавме сите заедно да реализираме и конкретни резултати во остварувањето на нашите стратешки определби, во градење на стабилна сегашност и подобра иднина. Јас лично како претседател на Собранието го изразувам моето задоволство и изразувам искрена надеж дека секој од нас без разлика на политичката припадност и на неговиот иден ангажман ќе продолжи да придонесува за добробит на Република Македонија и на сите нејзини граѓани, рече Вељаноски во кусото излагање.



