Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ШИЛЕГОВ: Започнавме проекти кои решаваат проблеми за следните 50 години

Локални избори 2021

ШИЛЕГОВ: Започнавме проекти кои решаваат проблеми за следните 50 години

Маркетинг

ШИЛЕГОВ: Започнавме проекти кои решаваат проблеми за следните 50 години

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата прва прес-конференција од изборната кампања изрази уверување дека постигната е целта поставена кога во 2017 ја доби довербата од граѓаните да се смени курсот во кој се движеше градот предводен од ВМРО-ДПМНЕ.

– Покажавме храброст за големи промени, и за само четири години, започнавме проекти кои ги решаваат проблемите на скопјани за следните 50, нагласи Шилегов во оваа прилика.

– Од најзагаден град во светот, Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето. Анализите покажуваат дека од година во година дишеме почист воздух, но работа има уште. За кратко време ги исчистивме сите депонии во рамки на ГУП-от и ги претворивме во паркови. Преку силна финансиска поддршка за граѓаните старите печки ги заменивме со клими инвертери. За само четири години во се реновираа сите средни училишта а во секоја училница за учениците има прочистувач за воздух. Денес, Скопје секој денар го вложува во здрава иднина за нашите деца, додава Шилегов.

Во продолжение градоначалникот Шилегов потенцираше дека новата приказна на Скопје е приказна за хуман град. Град кој вложува во своите граѓани и ги поттикнува на здрав живот. Обезбедена е поддршка за преку 15000 граѓани да купат и возат велосипеди. Скопје е градот на Лајка, единствениот град во Европа со јавно претпријатие за хуман третман на уличните животни. Тој потсети и на хорор сликите од Вардариште кои се веќе минато. Скопје се гордее со прекрасната Зоолошка градина по европски стандарди, со новите паркови и чистиот Кеј кој со децении беше запоставуван. Скопје станува град на спортот, со нови трим патеки, памп траки, вело патеки на Водно и адреналински парк.

– Новата приказна на Скопје е приказна за град кој конечно се разбуди од сивилото и стана град на културата. Се гради новата Универзална Сала, се организираат модерни настани. Скопје веќе не е град на кичот, нагласи Шилегов.

– Неквалитетните градби и евтините проекти се минато. Денес во Скопје имаме модерни автобуси со врвен квалитет, изградени четири нови булевари и целосно реконструирани 40 главни улици по најсовремени стандарди. Целосно ја реконструиравме инфраструктурата во Клинички Центар и го помогнавме нашето здравство. Денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два нови мостови истовремено, појаснува Шилегов.

– За мене луѓето секогаш се пред политиката. Тоа е моја политика, политика која слуша, политика која сочуствува, политика која е само средство за создавање услови за достоинствен живот за секој наш сограѓанин. Тоа е политика која гради, политика која обединува, политика која го води Скопје во друштвото на најразвиените градови во Европа. Мојата политика има јасна цел – модерна скопска инфраструктура, создавање услови за нови работни места, Скопје каде младите ќе создаваат семејства. Скопје каде што сите со задоволство ќе доаѓаат, зелено Скопје со насмеани, задоволни и среќни луѓе. Ова е поинаквата приказна за нашиот град, заклучи Шилегов.

На крајот од своето обраќање Шилегов побара поддршка од граѓаните нагласувајќи дека „на овие избори бираме дали сакаме оваа приказна да продолжи. Дали сакаме да го завршиме започнатото и следните четири години да ја видиме нашата заедничка визија целосно реализирана. Да го завршиме она што храбро го започнавме. Да го видиме Скопје со модерен јавен превоз и најголема пешачка зона во центарот на градот од сите европски градови. Да имаме целосно поврзана велосипедска инфраструктура и брз еколошки транспорт. Да продолжиме да живееме во хуман град кој вложува во здравјето на граѓаните, зеленилото, парковите и се грижи за животните. Да имаме град кој преку финансиска поддршка се грижи за сите свои граѓани и ги враќа парите онаму каде е најпотребно“.

– Ве повикувам да ми се придружите да продолжиме заедно напред! Покажавме дека можеме и умееме дури во услови на светска пандемија Скопје да оди во вистинскиот правец. Сега не смееме да застанеме. Верувам во вас и верувам дека ќе ја препознаете и поддржите нашата визија и ќе ми помогнете да ја оствариме заедно, нагласи Шилегов во својата прва прес-конференција од кампањата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Локални избори 2021

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.