Вести
Сончево со слаб североисточен ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во источните делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени.


