Вести
Сончево со слаб ветер од северен правец – викендот до 17 степени!
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Поварадарието и источните делови повремено умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од пет до 12 степени.
Во Скопје слично време, претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до седум степени.


