Вести
СПАС ОД ГОРЕШТИНИТЕ: Од утре пад на температурата за повеќе од 10 степени
Во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, а дневната од 32 до 39 степени.


