Актуелно
Стартап фирми ги презентираа своите идеи пред потенцијални инвеститори
Македонски стартап фирми по тримесечната обука организирана од македонско-американсакта компанија „New man’s business accelerator“ денеска ќе ги презентираат своите идеи и производи пред потенцијални меѓународни и домашни инвеститори.
Станува збор за девет тимови од Македонија, еден од Хрватска и пет од Словенија кои ќе се претстават пред фондови од Велика Британија и Словенија, како и пред македонски успешни претприемачи кои се заинтересирани да видат што е она што младите нови претприемачи го подготвуваат.
– По тримесечната интензивна претприемачка програма на која учествуваа нашите стартап тимови денеска сме на првиот „demo day“ на кој ќе ги претстават своите идеи и производи пред потенцијалните домашни и странски инвестоитори. Станува збор за претприемачка програма која ги таргетира младите луѓе кои имаат иновативни идеи, но им треба поддршка во делот на едукација како да ја развијат и тестираат идејата на пазарот и дали воопшто треба да се развива и рализира и како да ја донесат својата компанија, тим и производ до момент кога ќе бидат спремни да примат инвестиција. Целиот процес трае осум месеци со намера во следните сезони да се скратува, изјави Ирена Чаушевска, генералниот менаџер на „New man’s business accelerator“, првиот бизнис акцелератор во Македонија.



