Вести
Од недела снег и дожд во Македонија
Врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките се очекува да ја зафатaт Македонија од недела под влијание на влажен бран од Медитеранот.
Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.