Вести
Традиционална прослава на Бадник пред Соборниот храм (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.
Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Радко Манов, Извршниот директор на претпријатието „ГАМА“, додека здравичар е Љубиша Николиќ, фудбалер, тон-мајстор во пензија, водител и режисер кој целиот работен век го поминал во Македонското радио.
На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.






