Вести
КОЛЕДЕ: Златните славејчиња на Бадник кај семејството Иванови (ФОТОГАЛЕРИЈА)
На Бадник во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска семејството на претседателот на државата Ѓорге Иванов го посетија децата од хорот „Златно славејче“ кои со песната „Вечен е Бог“ го најавија Христовото раѓање.
Сопругата на претседателот, Маја Иванова изјави дека како семејство ја даваат нивната целосна поддршка на иницијативата за возобновување на Божикната литија, која, како што истакна на најдостоинствен начин го најавува Христовото раѓање.
– Денес нашиот дом е исполнет со детски џагор, смеа и позитивна енергија и на најдостоинствен начин го одбележуваме Христовото раѓање. Ова се моменти кога секој на секого посакува здравје, среќа, многу љубов, радости, кога сме со нашите семсјтава, со блиските, пријателите. Но, не смееме да заборавиме да бидеме солидарни со оние на кои што им е потребна нашата помош – на изнемоштените и на болните. Сакам на сите православни верници да им посакам преубава Бадникова вечер и да им го честитам големиот христијански празник – Божик. Нека Христовата светлина внесе многу расоти, здарвеј среќа и успеси во секој дом, порача Иванова.







