Актуелно
УКИМ објави Конкурс за 2016/2017, слободни 10535 места
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во академската 2016/2017 година.
Според Конкурсот, за сите студиски програми на факултетите во склоп на Скопскиот универзитет има вкупно 10535 слободни места.
Од нив 6606 се за редовни студенти во државната квота, 2819 места за редовни студенти со кофинансирање на студиите и 1110 места за вонредни студенти.


