Вести
Укинати вонредните мерки за намалување на аерозагадувањето
Вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот денеска престануваат да важат. Тие беа активирани на 8 јануари поради зголемените концентрации на ПM 10 честички во воздухот.
Одлуката за укинување на мерките против аерозагадувањето ја соопштија вчера Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, затоа што среднодневните концентрации на ПМ10 (200 µг/м3) биле под дозволената граница, односно само една мерна станица покажала поголемо загадување од дозволениот праг на загадувачките материи во воздухот.
Престанувањето на важењето на вонредните мерки значи и дека од денеска е укинат бесплатниот превоз во автобусите на јавниот градски превоз, кој ќе се наплаќа според постојната тарифа.



