Актуелно
УНЕСКО го одби барањето за прием на Косово
Генералната конференција на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) не го прифати предлогот за прием на Косово во членство во оваа агенција на Светската организација.
При денешното гласање, предлогот за прием на Косово не ја доби потребната поддршка на две третини од членовите на Генералната конференција на УНЕСКО.
Како што јави српската државна телевизија РТС, за приемот на Косово се изјаснија 99 земји, 50 биле против, а 22 се воздржале од гласање. Во гласањето учествувале 142 членки.



