Настани
Дуа Липа приреди спектакл во Приштина и ја отвори музичката магија на фестивалот „Сани Хил“ (ФОТО+ВИДЕО)
Приштина блесна под светлата на светската музичка сцена на 1 август, кога глобалната поп ѕвезда Дуа Липа одржа спектакуларен концерт со кој го отвори тридневниот фестивал Sunny Hill.
Со двочасовен настап исполнет со најголемите хитови од нејзината кариера, Дуа Липа ја маѓепса преполната публика. Посебен момент беше нејзиното заедничко изведување на култната песна “Era” со нејзиниот татко, Дукагјин Липа – еден од основачите на фестивалот. Емотивниот дует предизвика силна реакција од публиката која во еден глас ја пееше секоја нота.





