Вести
Велешанец со чекан го убил соседот, повредил уште четворица
Четириесет и шестгодишниот С.В. утрово околу 02:00 часот во Велес со чекан нападнал семејство од неговото соседство, при што од повредите починал 65-годишниот Д.Н., а им нанел тешки телесни повреди на неговата сопруга, ќерка, братот и снаата.
Како што информираат од Јавното обвинителство С.В. ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава пришто ја повредил.
Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, па осомничениот и нив ги удрил со чеканот по главата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, од кои подоцна таткото починал.



