Актуелно
Велосипедско дефиле од Порта Македонија до Школка
Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, АМСМ, МВР и Град Скопје, заедно со останатите партнери организираат велосипедското дефиле кое ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот пред „Порта Македонија“.
Дефилето е составен дел од проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“ и има за цел да го промовира велосипедот како сообраќајно превозно средство. Воедно, со овој настан ќе се испрати порака до возачите на моторни возила дека велосипедистите се присутни во сообраќајот и оти треба да бидат почитувани како рамноправни учесници во сообраќајот.
Настанот ќе се одвива по следната дефинирана рута од „Порта Македонија“ до АМСМ, преку ул„.М.Т.Гологанов“ до „Веро Тафталиџе преку бул.„8-ми Септември“ до „Ми-Да Моторс“, а потоа преку бул.„Илинден“ до кафе-бар „Штала“ и до крајната цел, „Школка“ во Градски парк.



