Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Верушевски на распит во обвинителството

Актуелно

Верушевски на распит во обвинителството

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој е првоосомничен во акцијата „Пуч“, попладнево од истражниот затвор во Шутка е однесен да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал.

Од обвинителството официјално не даваат никаква информација за случајот и велат дека не можат да изнесуваат никакви детали во рамки на истрагaта.

Верушевски е осомничен за две дела шпионажа и помагање при насилство спрема претставници на највисоките државни органи во полициската акција „Пуч“, во којашто осомничени се и неговата сопруга, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и локален струмички функционер.

Тој втор месец се наоѓа во притвор, а веќе еднаш беше изведен да даде исказ во скопското јавно обвинителство за нелегално поседување на оружје.

Прочитај повеќе

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.