Вести
Облачно со снег на повисoките места
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во западните и крајните северни делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, додека пак на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до осум степени.
Во Скопје времето претежно ќе биде облачно со повремен слаб дожд особено попладне и во текот на ноќта. Не е исклучено дождот да премине краткотрајно во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до пет степени.


