Актуелно
Вевчанскиот карневал е пагански на улиците, но православен во домовите
Денеска беше презентирана програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата.
Вевчанскиот карневал Василичари е автентичен, автохтон и пред се и над се оригинален толку многу што низ вековите ниедна власт не останала не критикувана, ниедна власт не останала некамшикувана. Вевчанскиот василичарски карневал не е ништо друго туку премиера на една единствена претстава која што се случува само на 13 и 14 јануари и никогаш не се повторува. Ни по маски, ни по идеја, ни по сценографија, ни по дијалог.
Вевчанци секоја година ја негуваат традицијата која трае со векови, и се маскираат на Василица. Годинава, продукцијата “Пасворд” е организатор на музичкиот и на забавниот дел на карневалот. Музичкиот дел почнува на 12 јануари, од 21 часот.



