Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Облачно со повремен дожд – во недела и понеделник засилен северен ветер
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а дневната од 23 до 29 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер и појава на повремен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 24 степени.


