Актуелно
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
Најмногу дожд во изминатите 24 часа навранал во Претор 34 литри, а најмалку во Скопје – еден литар на метар кавдратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Маврово наврнале 24 литри, во Крушево и Лазаропеле по 17, Битола 14, Охрид 11,…
Во вечерните часови југозападниот дел од Македонија, особено Преспанскиот регион и јужниот дел од Пелагонија беа зафатени од нестабилност која се преместуваше од југ и се задржа над ова подрачја и во поголемиот дел од ноќта. Во ноќните часови нестабилно со дожд и грмежи беше и во југоисточниот дел од земјава, а во втората половина на ноќта и во раните утрински часови во поголемиот дел од Македонија беше облачно со поврмени врнежи од дожд и ретки грмежи.


