Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево, попладне дожд и грмежи

Актуелно

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево, попладне дожд и грмежи

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за локален пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. 

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти околу девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре температурата ќе биде без поголеми промени, утринската од четири до 12, а дневната од 17 до 24 степени.

Од понеделник времето ќе биде постабилно и потопло со благ пораст на дневната температура.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.