Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Снег, засилен северен ветер и ниски температури!

Актуелно

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Снег, засилен северен ветер и ниски температури!

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот почнувајќи од северозапад ќе поминуваат во снег. На планините во западните делови се очекува да бидат пообилни и да се формира снежна покривка повисока од 50 сантиметри, а на повеќето пониски места од 10 до 20 сантиметри. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и наместа ќе предизвика снежни наноси.

Утринската температура ќе се спушти до околу минус еден, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Во Скопје времете ќе биде слично, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне постепено врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната ќе се спушти до два степенa.

Во недела ќе дува засилен ветер кој повремено ќе достигнува брзина до околу 80 километри на час, што ќе предизвика локални снежни наноси.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето, но со позначително пониски температури. Најстудено ќе биде во вторник и среда кога наутро на повеќе места ќе се спушти под минус 18 степени.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.