Актуелно
Во Скопје времен сообраќаен режим за празничниот викенд
Поради претстојните велигденски празници, во Скопје, од 18:00 часот в сабота до 6:00 часот наредниот ден, ќе има забрана за сообраќај на дел од бул. „Партизански Одреди“, од крстосницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со ул. „Даме Груев“, како и на дел од бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со ул. „Орце Николов“ до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“.
Од Град Скопје информираат дека автобусите коишто го опслужуваат јавниот градски сообраќај и се движат во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени. Ќе се движат по ул.„Димитрие Чуповски“, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Френклин Рузвелт“.
Автобусите кои се движат преку бул. „Гоце Делчев“, во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по бул. „Илинден“ и ул. „Френклин Рузвелт“.



