Актуелно
ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Попладне можно невреме со дожд, град и грмежи
Управата за хидромотелеоролошки работи (УХМР) денеска соопшти дека во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со интензивен дожд и појава на град. Се очекува процесите да бидат почести во источните и во западните планински делови.
Подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на влажна и топла воздушна маса така што условите за нестабилност денеска попладне се особено поволни.
Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.


