Вести
Временска прогноза: Умерено облачно со сончеви периоди – од вторник повторно заладување
Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, претпладне со слаб локален дожд. Попладне облачноста малку ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец.


