Вести
Временска прогноза: Вечерва засилен северен ветер, од утре сонце и повисоки температури
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе провејува снег особено во претпладневните часови, а кон крајот на денот облачноста значително ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од два до девет степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до шест степени.


