Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Врнежи од дожд и засилен ветер – во Пожаране и Крушево најмногу дожд
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Пожаране и Крушево.
Според мерењата на УХРМ, во Пожаране се наврнати 100 литри на метар квадратен, во Крушево 99, следат Охрид со 90, Претор со 87, Тополчани и Тетово со 82, Ѓуришпте и Прилеп 78, Гевгелија со 77, Скопје 71, Маврово и Берово со 70, Куманово и Лазарополе со 69, Крива Паланка со 68, Виница со 63, Штип и Струмица 60, Дојран 58, Битола 52, Пожар 44 и Демир Капија 34 литри на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде облачно со повремен слаб до умерен дожд почест во западните делови од земјава. Ќе дува умерен југоисточен ветер кој на југот и вдолж Повардарието повремено ќе засилува.



