Вести
Времето денес: Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата.
Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени.


