Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со обилни врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд, особено во крајните западни и северни делови на земјава, каде на места се очекува да наврнат повеќе од 50 литри на метар квадратен воден талог. Некаде врнежите ќе бидат проследени со ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. На места брзината на ветерот ќе достигнува над 60 километри на час. Утринската температура ќе се движи од 11 до 15, а дневната од 17 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 18 степени.



