Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне дожд
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност, со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.



