Вести
Времето денес: Слаби врнежи од дожд, на планините снег – од недела затоплување
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 8 степени.
Највисока снежна покривка во Македонија изутринава е измерена во Марворо, 93 сантиметри. Триесет и седум сантиметри се измерени во Ѓуриште, 35 во Пожаране, 28 Лазарополе, 27 Крушево, 23 Пожар, 9 Крива Паланка и 3 во Берово..


