Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и потопло – за викендот дожд и високи температури
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.


