Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло време – попладне дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд и со ретка појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 32 степена.


