Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала до умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.


