Актуелно
За новогодишните празници во Скопје 40 сообраќајки
Сообраќајната полиција изминатите четири дена на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 40 сообраќајни несреќи.
На 31 декември, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и пет сопатници. Се случила и една несреќа со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
На 1 јануари, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни несреќи. Од нив, една е со последица материјална штета и пет со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак. Се случила и една несреќа со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило.



