Вести
ЗАСТРАШУВАЧКИ БРОЈКИ: Секој трет од болните во Скопје умира од загаден воздух!
Триесет до 35 отсто од болестите се причинети од аерозагадувањето. Во сите овие години во просек околу над 1.300 животи годишно се губат поради аерозагадувањето. Скопје е меѓу најзагадените градови посебно ако се земат предвид концентрациите на ПМ 2,5 честичките.
Ова го потврдија наодите од студијата спроведена во скопскиот регион кои денеска на пленарна сесија со работилница за проценка на ефектите на загадениот воздух врз здравјето на луѓето во Скопско, ги презентираше Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Пленарна сесија со работилница се одржа на Медицинскиот факултет во соработка со претставници на Институтот за здравје и благосостојба на Финска, во рамки на Твининг проектот за јакнење на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ за квалитет на воздухот.


