
Колумни
Слеј се со природата
Човек ја чувствува слободата кога е сам во природа. Тишината на природата нѐ учи да се слушнеме себеси и подалеку од себе. Екотот, како природен феномен, ни ги враќа зборовите, ако сме кажале арно – арно ни враќа. Какви ни се мислите, таков ни е говорот, каков ни е говорот, таква ни е прородата. Каква ни е природата – таква е слободата. Потполна слобода на говор добиваме ако сме толерантни кон неистомислениците.
„Уличарскиот” говор е реакција на рушење природни закони. Нашиот автентичен амбиент е природата, улицата е проекција на цивилизациски потреби. Уличните пресметки, некогаш регуларни двобои со секундант како сведок, сега се физички насилства пред камери во име на законот кои добиваат свое ново, проширено место за ,,решавање”.
Интернетот стана податлива алатка за уличните пресметки, вербалниот двобој се дигитализира во компјутерска анимација, па од интернетот повторно се симнува на улица и така во недоглед… Генералниот директориум за демократија на Советот на Европа спроведува кампања против говорот на омраза на интернет, веќе во 13 земји на ЕУ, со цел промоција на позитивните страни на интернетот, говор на љубовта, солидарноста, емпатија и позитивната комуникација. Природно би било да е така.


