Колумни
Излог
Во еден излог може да видите повеќе изложени нешта, кои треба да ви го привлечат вниманието, но никогаш не можете одеднаш да видите се што има во продавницата, треба да влезете и внимателно да разгледате што има внатре.
Така е и со нашиот надворешен изглед, никогаш доволно изложено за да сме сигурни дека истото го има и внатре, дека некого го познаваме и одвнатре. Нашите социјални фасади или маски се мимикрија на нашата личност и карактер, некогаш слични со надворешноста, некогаш дијаметрално спротивни, а ретко автентични, затоа што секој човек има „лице и опачина“.
Природно е човек да биде спонтан и неконвенционален, да се изразува така како што чувствува, но тогаш сме во ситуација да повредиме или да не повредат. Ако се трудите во секоја ситуација да сте тоа што сте и спонтано го покажувате своето вистинско лице, веројатноста да си направите проблеми е голема, затоа што вашата природност, колку и да е добронамерна , не секој е способен да ја толкува како што е, туку прави своја лична перцепција и заклучоци според неговите карактерни особини и сфаќања.



