
Занимливости
Загадувањето на воздухот – невидливата опасност за мозокот и социјалните интеракции
Загадувањето на воздухот има сериозен ефект на вниманието и препознавањето на емоции, покажува истражување од Универзитетот во Бирмингем. Студијата открила дека краткотрајното изложување на честички во воздухот значително го намалува селективното внимание и способноста за препознавање на емоции, како што се среќни или исплашени лица.
Ова може да доведе до погрешни одлуки во секојдневните активности, како импулсивни купувања во продавниците, бидејќи човекот не може да се фокусира на своите цели. Истражувањето покажало дека учесниците кои биле изложени на загаден воздух имале полоши резултати во тестовите за препознавање на емоции, што може да влијае на социјалните интеракции и разбирањето на чувствата на другите.
Загадувањето на воздухот влијае на когнитивните способности и може да има големи социјални и економски последици. Студијата, објавена во Нејчр Комјуникејшнс, исто така открила дека иако работната меморија не била засегната, краткотрајното изложување на загадување има долгогодишни последици на продуктивноста и образованието.



