Неправда
,,Неправда , па тоа е неправда, имаш ти , немам јас, сите велат дека многу барам ” – антологиска песна на групата ,,Лева патика” која низ песна ги најави капитализмот и силата на десницата.
Растевме со цртаниот филм Калимеро и нема правда, а сѐ уште не можеме да се навикнеме на неправда, која во реалноста нема среќен крај, а ни судски крај. На крајот на краиштата, долга е раката на правдата, но кога е вештачки продолжена чувството е исто како кога ќе се дојде до дното и се копа уште подлабоко до дупло дно. Патем очи си ископавме, не гледајќи што ни се случува … А ни се случува и ,,Дупло дно” и ,,Диво месо” и ,,Буре барут”.
Историјата се повторува дур се обидуваме да ја смениме. Така катадневно неправдата се таложи како густ талог на душата, а непроменливоста на неправдите боли, збигорува и непреболува. Неправдата е фактичка состојба која не може да се заборави , но треба да се контролираат нејзините психолошки последици и моќта да ги разјадува душата и телото.



