Уписна политика – УПИШувачка треска
И после се’ Конфучиј – „Све је у животу пишање осим срања, а и пишање је срање кад пишаш уз ветар.“
Се извинувам за српскиот, некако поавтентично ми е со пишањето и срањето. А и за вулгарностите се извинувам, но потребни ми се заради развивање на идејната порака.
Откако ќе се извиниш – полесно е да продолжиш да … ко фока, но никогаш никого да не навредиш лично, тоа е недолично за сите, а особено за воспитувач и просветен работник. Како учителка со повеќедецениски труд, може да си дозволам да развијам свое мислење во врска со уписната политика, поточно треска ( грозница) кога сите се трескаме од веќе искршениот sид на образованието ни.



