ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Еден бакнеж – песни рој…
Кога сме вљубени не чекориме, летаме на седмо небо, во занес се тетеравиме без капка алкохол, гледаме отсутно и кога сме присутни, сити и кога сме гладни, а жедни само за бакнежи…
Кога сме вљубени ние сме јунаци на сопствените легенди, алхемичари на сите можни емоции, ги доживуваме страстите на сите сопствени легенди…Незаменливо чувство, не се купува, ниту продава за милион долари, не е по нарачка ниту зависи од вашата заработувачка, може да се случи лесно, но не и често, оти по вистинската вљубеност доаѓа вистинска љубов која трае…
На нејзината вечност, кумови се бакнежите, со нив се почнува и завршува. Бакнежите на обичните смртници евоцираат алегориски бакнежи на митските парови Психо и Купидон, Дафне и Аполон, Ехо и Нарцис, Елена и Парис, Пенелопа и Одисеј, Афродита и Адонис… Еден бакнеж -песни рој!



