Колумни
Татјана Алексиќ: Подалеку од предрасудите, каде и да сте
Гордон Алпорт, професор на Харвард, 1954 година ја објавува книгата „Природата на предрасудите“ каде дава скала со пет степени на дискриминација.
До ден денешен, истражувачите на говорот на омраза се повикуваат на неговите студии и петте скалила како поттикнување на екстремизмот :
- Исмевање на малцинствата по основ на стереотипи.
- Одбегнување контакт и комуникација со малцинските групи.
- Нееднакви права на малцинските групи.
- Физички напади и уништување на имотот на малцинствата.
- Истребување, ликвидирање на група маргинализирани луѓе.
Денес Кривичниот закон во многу земји утврдува казни, а кривичното дело е отежнато ако е сторено поради омраза кон одредена национална, расна, верска или етичка припадност, како и полова и сексуална ориентација.



