Колумни
ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Моќта на учењето
Културата на едно општество може да се препознае преку образовниот систем и тоа не преку тоа што се учи, туку како се учи.
Концептот на познатиот чешки педагог, филозоф и теологог, Јан Амос Коменски за нужноста од сестрано образование за сите, остана во минатото, сегашноста се конципира на други концепти кои без концепт невротично не вкалапуваат.
Учењето е една од најважните активности на човекот во тек на целиот негов живот, учењето е одговорност, а пренесувањето на знаењето е креативност, учителите треба да умеат со своите ученици да мотивираат и научат како да учат. Учењето треба да се индивидуализира, секој да научи како да ги препознае своите способности, да ги доразвива вештините, да креира посебен однос кон учењето.



