Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Работници како клетници

Колумни

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Работници како клетници

Врнежлива и променлива пролет е данокот кој го плаќаме заради благата и сончева зима – нема шега со космичката рамнотежа. А толку многу посакувавме споени пролетни празнични денови, како на пример Први мај – Меѓународниот ден на прасето, пардон, на работникот, залиен со цинизам кој се добива како микс од идеологијата на трудбеникот и театрологијата на неработникот.

Го славиме работникот во време на невработеност која ја крие својата статистичка вистина како и жена своите години (пак и се познаваат)!

Колку многу е пишувано за трудољубието и работливоста! Толстој бил најсреќен кога работел и тоа со селаните на нива без оглед што бил со грофовско потекло. Балзак бил веркохолик, за 51 година животен век напишал циклус од стотина романи и раскази, а за работата велел дека е закон на уметноста и на животот. ,,Треба да се навикнеме да работиме и потоа нема да можеме да живееме без работа, се на светов зависи од неа,, вели Луј Пастер, а Максим Горки сметал дека вистински херои се само оние кои сакаат и знаат да работат. Го почитувам Хемингвеј не поради Нобеловата награда туку поради максимата: ,,Секој се раѓа поради некакво дело и секој кој чекори по земја, мора да има свои обврски,,. Трудот на нашите просветители е достојна за почит, Џинот во песната ,,Труд ми е името,, го става трудот на пиедестал пред мудроста и љубовта, зашто без труд нема ни мудрост, а ни љубов. Данте Алигиери мрзеливите ги става во петтиот круг од Пеколот, да пливаат во кал како прасиња. Работа, работа и само работа!

Сепак, сакале да признаеме или не, реалната слика во светот за сегашната работничка класа е повеќе од цинична. Цинизам е и кога ја користиме излитената фраза дека оној кој сака да работи ќе си најде работа. Да, работа колку сакаш, ама волонтерски и шконтерски , да не речам експлоататорски, не сме во капитализам, нели;) Клетниците на Виктор Иго клето не исчезнуваат од реалноста .

Последните три децении синдикатите ги снемува, а приватизацијата го става работникот во позиција на страв и несигурност, а ако не сака – има кој сака и за цинично дрско мали плати и хонорари.

Ако немате друга работа, тогаш работете врз себе и нек нам живи, живи рад, другови и другарице!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.